Почетна
Спорт

Златан му купи Мерцедес на татко му; тој прво одби, па потоа го возеше

Ибрахимовиќ ја опиша сцената кога му ги предал клучевите на татко си, кој одбил наводно поради гордост — но потоа го користел автомобилот.

·Спорт
Златан му купи Мерцедес на татко му; тој прво одби, па потоа го возеше

Златан Ибрахимовиќ раскажа семејна приказна од своето воспитување во Малме, во која сè почнало како гест на благодарност — купување скап Мерцедес С‑класа за неговиот татко, Шефик, но завршило со тврдoglаво одбивање пред кое следувало изненадување.

Одбивање исполнето со балканска гордост

Ибрахимовиќ кажа дека поради првите поголеми приходи од фудбалската кариера сакал да му подари на татка си нешто симболично и престижно. Кога затропал на вратата и му ги предал клучевите, не очекувал ладен одговор.

“Му купив автомобил на татко ми и му реков: „Ова е твојот автомобил. Твој е, сакам ти да го возиш“. Беше Мерцедес С-класа. Тој само ме погледна и ладно одговори: „Не ми треба автомобил“. Му реков: „Мора да изгледаш како Балканец! Ти купив голем, убав автомобил. Ти си татко му на Златан, вози го и биди горд!“ Ми рече повторно, сосема мирно: „Не ми треба автомобил.“ Почна навистина да ме нервира! Конечно се налутив и реков: „Слушај, ова е твојот автомобил, точка! Вози го.“ Ги фрлив клучевите на масата и луто ја напуштив собата , рече Ибрахимовиќ.

И покрај отвореното одбивање, вистината излегла на виделина една недела подоцна.

“Смешното е што една недела подоцна возев низ градот и во далечината го забележав истиот Мерцедес што му го купив. Се приближив до автомобилот и видов дека татко ми го вози со задоволство! Тој никогаш не ги покажуваше тие работи пред мене, но и го користеше штом ме немаше, се присети Златан со насмевка.

Анагдотата ја илустрира сложеноста на семејната гордост и скромноста на која Ибрахимовиќ често и се навраќа, во контекст на патот од скромните услови во Малме до врвот на професионалниот фудбал.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи