Почетна
Македонија

23 Октомври — Денот на македонската револуционерна борба: академија и државни награди

Свечена академија во НУ Македонски народен театар и доделување на државната награда „23 Октомври“; денот потсетува на основањето на ВМОРО во 1893 година.

·Македонија
23 Октомври — Денот на македонската револуционерна борба: академија и државни награди

Денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба — датум поврзан со основањето во 1893 година на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која се формира со цел остварување автономија на Македонија преку револуционерна дејност.

Свечености и државни награди

Во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија насловена „Свои на своето!“. Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија во 11 часот ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети и културно-историското наследство од јавен интерес.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер. За остварување во областа на науката наградата им се доделува на проф. д-р Стојко Стојков, историчар, и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија во средата вечер се одржа културно-историски настан насловен „Во светлината на слободната“, посветен на историските процеси што го одбележале македонското револуционерно движење и на животот и делото на Даме Груев, еден од основачите на Организацијата (подоцна позната како ВМОРО).

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваа: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен; Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско; Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко; Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш; Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско; и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите и нивните следбеници ги шират идеите меѓу младите — особено во Солунската бугарска машка гимназија, каде учениците формираат кружоци и конспиративни групи, а емисарите основаат месни комитети во селата во Македонија и Одринска Тракија. По создавањето на организациската структура следи создавањето вооружени чети и набавка на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција. Дејноста кулминира со Илинденското востание во 1903 година во Македонија и со Преображенското востание во Одринска Тракија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи