Почетна
Македонија

25 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав кај Љуботенски бачила

Делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана ќе положи цвеќе во спомен на загинатите припадници.

·Македонија
25 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав кај Љуботенски бачила

Денеска, 10 август 2026 година, се навршуваат 25 години од настанот кај месноста Љуботенски бачила во кој загинаа осум припадници на резервниот состав на Армијата.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина го загубија животите осум припадници на резервниот состав: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

На овој ден се оддава и почит на Ацо Ангеловски, кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

Делегација ќе положи цвеќе

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе на местото на настанот и на повеќе спомен‑обележја посветени на загинатите бранители.

Како што соопшти Генералштабот, активностите се дел од одбележувањето на споменот на припадниците на резервниот состав кои ги загубија животите во конфликтот во 2001 година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи