Почетна
Спорт

50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката

Јубилејното издание на 7 октомври 2026 ќе се игра во салата на ДСЕУ „8. Септември“; влез слободен.

·Спорт
50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката

Јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ ќе се одигра на 7 октомври 2026 година во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово. Турнирот, кој го организира семејството Хаџииљоски во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија, од оваа година ќе има и официјална улога како Супер куп на Македонија — натпревар што ќе се игра секоја година пред почетокот на сезоната.

Традиција и нова улога

Јубилејното издание беше претставено на прес‑конференција во просториите на Министерството за спорт, каде присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, и потпретседателот на ОФМ и син на легендата, Ивица Хаџииљоски.

„На мое огромно задовлстово дојдовме до 50. јубилејно издание на турнирот. Големо задоволство за мене е што годинава турниот е во Тетово каде што изворно почна да се одржува, меѓутоа последните десетина години овој турнир беше ставен во функција на одбојкарските репрезентации на Македонија и турнирот се одржуваше на различни места. Оваа година заедно со претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и со генералниот секретар, Филип Деспотовски се договоривме, турнирот да прерасне и во официјал е н Супер Куп на Македонија. Овој турнир што го правиме во чест на мојот покоен татко ќе добие и нова улога како Супер Куп , кој секогаш ќе се одржува пред почетокот на сезоната. Т урнир от е со огромна традиција, на него учествувале многу репрезентации, многу клубови и се надевам дека и годинава ќе присуствуваме на квалитетни натпревари меѓу најквалитетните екипи во Македонија од минатата сезона во машка и во женска конкуренција“, истакна синот на легендата, Ивица Хаџииљоски.

ОФМ се пофали со континуитетот и значењето на меморијалот. „Самата импозантна бројка кажува сѐ. Турнир со голема традиција и додадена вредност во спортот. Најдобро за тоа говорат сите екипи и играчи кои во изминативе 50 години биле дел од овој турнир. На последното Европско првенство имаше тројца-четворица одбојкари кои настапувале на турнирот, а сега се едни од носителите на играта во своите репрезентации и најдобри играчи на светот, а претходно биле наградувани и на овој турнир“, истакна Петар Јовановски, претседател на ОФМ.

Организаторите доделија благодарница на министерот Борко Ристовски за поддршката на одбојката и на овој традиционален настан. „Особено ми е драго што последниве години имаме одлична соработка со раководството на Одбојкарската федерација на Македонија и сите оние работи што ги правиме заеднички за раздвижување на одбојката добиваат некој нов терк и одбојката повторно зема замав. Овој турнир и давањето на значење тој да биде и Супер Куп на Македонија е само уште една потврда дека Одбојкарската федерација има план заедно со семејството Хаџииљоски во интерес на одбојката и на одржување на традицијата. Педесет години да организирате ваков турнир е навистина импозантна бројка и ние како држава, како Министерство за спорт и како Влада секогаш сме тука да дадеме поддршка и да помагаме за се што можеме и да излеземе во пресрет. Вакви настани и вакви љубилеи не покажуваат само еден Супер Куп, туку покажуваат нешто многу повеќе, покажуваат посветеност на семејството, љубов кон одбојката и кон спортот. Ние како Министерство за спорт и јас лично како поранешен спортист и сега како министер за спорт знам да го ценам тоа и секогаш ќе бидам пријател на луѓето кои се вистински љубители на спортот. Утре, Тетово ќе биде градот каде што ќе се случуваат убави работи, каде што ќе се промовира одбојката и Македонија како држава во која се промовира спортот и вистинските вредности“, истакна министерот за спорт, Борко Ристовски.

Еднодневната програма на „Чајка“ Супер купот почнува со машкиот натпревар во 17:00 часот помеѓу двојниот шампион Штип УГД (Штип) и финалистот во плеј‑оф и Купот, ГОК Борец (Велес). Женскиот дуел помеѓу шампионот Работнички Скопје и освојувачот на Купот 2026, ЖОК Вардар ЕМ, е закажан за 19:30 часот. Влезот во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово е слободен, а организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот и одбојката да бидат дел од овој јубилеј.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи