Јовановски и Деспотовски ќе присуствуваат на 40. конгрес на ФИВБ во Пунта Кана
Претседателот и генерален секретар на ОФМ ќе присуствуваат на конгресот на ФИВБ, каде што ќе се разговара за плановите да се направи одбојката „поголема и подобра“.

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија и генералниот секретар ќе присуствуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) во Пунта Кана, Доминиканска Република, од 20 до 22 ноември 2026 година.
Петар Јовановски, претседател на федерацијата, и Филип Деспотовски, генералниот секретар, ќе бидат дел од годишниот собир на глобалното одбојкарско семејство во карипскиот курорт. На конгресот се најавени 222 претставници од Националните федерации од целиот свет.
Стратешки развој и меѓународни врски
Главна тема на разговор ќе биде стратешкиот развој на одбојката, со главен таргет како таа да стане „поголема и подобра“. Целта на ФИВБ е сегашните 800 милиони луѓе кои се дел од одбојката на глобално ниво да се зголемат на 1.6 билиони до 2032 година.
За Јовановски и Деспотовски, конгресот претставува и можност за продлабочување на врските со европските партнери, како и за градење нови контакти надвор од континенталните граници.
Македонската делегација ќе учествува на сесии и билатерални средби низ тридневниот настан во Пунта Кана, со цел да донесе знаења и контакти кои ќе придонесат за развојот на одбојката дома.
Фото: прес-материјал од настанот


