Африм Гаши се сретна со британската амбасадорка Маја Сивањанам
Средбата се фокусираше на зајакнување на парламентарните врски, поддршката од Вестминстерската фондација и британската поддршка за европската агенда.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со новоименуваната британска амбасадорка Маја Сивањанам, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка и продлабочување на парламентарните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.
Паралелни канали за соработка и поддршка
Гаши ѝ посакал добредојде на амбасадорката и успешен дипломатски мандат, нагласувајќи ја долгогодишната соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Посебен акцент ставил на поддршката преку Вестминстерската фондација за демократија, која придонесува за зајакнување на капацитетите и функциите на Собранието и неговата служба.
Претседателот на Собранието изразил очекување за натамошна реализација на соработката на ниво на претседатели на парламенти, меѓу пратеничките групи за соработка и низ меѓукомисиска размена на најдобри практики и искуства.
Амбасадорката Маја Сивањанам изразила задоволство од значајната соработка со Собранието и понудила дека ќе ѝ посвети соодветно внимание за време на својот мандат. Таа го запознала Гаши со приоритетите и фокусите на својата работа во следниот период, со посебен акцент на развојот на дипломатските односи и севкупната билатерална соработка.
Двајцата соговорници размениле мислења за претстојните активности на Собранието и можните модалитети за освежување на динамиката на веќе воспоставената соработка меѓу двата парламента.
На средбата било истакнато значењето на Стратешкото партнерство и на Договорот што ја уредува трговската размена меѓу двете земји, како и натамошната поддршка на Обединетото Кралство за европската агенда на Република Северна Македонија.
Фото: прес-материјал од настанот


