Почетна
Македонија

ВИ како соработник, не како конкурент: компании пријавуваат заштеди на време и трошоци

Компании од настанот на Комерцијална банка велат дека ВИ ослободува време и го поврзува дигиталното со ЕСГ целите.

·Македонија
ВИ како соработник, не како конкурент: компании пријавуваат заштеди на време и трошоци

Вештачката интелигенција (ВИ) не треба да се гледа како конкурент на работникот, туку како соработник кој помага во намалување на трошоците и оптимизација на работните процеси, порачаа говорниците на конференцијата „Business for Business“ што ја организира Комерцијална банка.

Претставниците на компании кои веќе користат ВИ агенти опишаа дека вистинската почетна точка за дигитална трансформација е идентификација на процесите кои трошат најмногу време и ресурси. Со правилна проценка, вели најавата на настанот, автоматизацијата ги ослободува вработените од рутински задачи и им овозможува да работат на поголема додадена вредност.

Практични ефекти: помалку грешки, предвидување дефекти и врска со ЕСГ

Елена Филатава, регионален директор на Oracle за регион Адрија, нагласи дека ВИ мора да работи со контрола и одговорност од човекот: "За тие кои се отворени кон ВИ навистина е логично да сметаме дека ВИ агентите се соработници на луѓето. Навистина е добро да се имаат за да не се губи премногу време на рутински работи. Обично имаме висококвалификувани работници кои имаат голема креативност во себе, но немаат време за тоа. Сега, кога може да добиеме помош однадвор за рутинските задачи и автоматизација на многу процеси и да се добива помош за секојдневните задачи според мене е многу логично да се користи. И тоа што го гледам е дека не станува збор само да ги имате, да има компјутер и ВИ агентот да одлучува што да работи. ВИ агентите с è уште имаат потреба од контрола, одговорност и одредени рестрикции во работата. И конечната одлука секогаш треба да ја донесе човекот."

На настанот беше даден и практичен пример: "Имате 400 нарачки месечно во Вашата компанија. За секоја нарачка денес Ви требаат 20 минути, но целта со ВИ агент е да потрошите пет минути. Дали е можно тоа? Да. Што значи тоа? 15 минути по нарачка. Или за 400 нарачки тоа значи 100 часови месечно", рече Бојан Садиковиќ, директор на Oracle за продажба, технологија и клауд, додавајќи дека тие часови можат да се искористат за пронаоѓање нови клиенти. "Пред две недели пуштивме во производство ‘My learning portal’, којшто е за сите граѓани на Македонија", додаде тој.

Експертите го поврзаа користењето ВИ со исполнувањето на ЕСГ стандардите: Тихомир Касапинов, менаџер за одржлив развој во VV Тиквеш, посочи дека рационалното управување со енергијата, водата и отпадот не е само еколошка обврска туку дел од деловниот ризик и стратегија. „ЕСГ не е прашање дали е трошок, туку колкав е трошокот при неусвојување и неуправување со предизвиците, трошење на ресурсите на неефикасен начин и нефаќање на тој тренд за побарувачка на производите најмногу на интернационалните пазари", рече тој.

Како конкретен пример беше посочен рудникот за бакар Бучим, каде што, по имплементација на мерки за енергетска ефикасност, дигитализација и автоматизација, потрошувачката на вода од акумулацијата се намалила за 90%, а потрошувачката на струја за над 10%. Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим, се присети на кризата во 2022 година кога цените на електричната енергија пораснаа осумкратно и рудникот беше принуден два месеца да запре производство, што го направи управувањето со енергијата клучен дел од бизнис моделот.

Спикерите цитираа и проценки дека имплементацијата на ВИ може да ги намали оперативните трошоци до 30% во зависност од индустријата, додека Светскиот економски форум проценува дека ЕСГ и одржливите синџири на снабдување можат да ги намалат оперативните трошоци до 16%.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи