Ајфеловата кула затворена поради национален штрајк во Франција
Споменикот е недостапен за посетители додека штрајкот ги парализира делови од Париз; претходно беше затворен и на 8 септември по контроверзен инцидент.

Ајфеловата кула денеска е затворена за посетители поради национален штрајк во Франција, објави компанијата што управува со објектот.
Синдикатите и работниците повикаа на штрајк барајќи зголемување на платите и мерки за подобрување на куповната моќ на населението. Илујадници луѓе утрово излегоа на улиците; студентите и средношколците исто така се приклучија, организирајќи демонстрации пред образовните институции.
Претходно затворање поради контроверзен инцидент
Не е првпат Ајфеловата кула да биде затворена поради штрајк. На 8 септември споменикот беше затворен поради протест поврзан со одлуката да се отстранат вработените жени од патеката по која се движела група хиндуистички верници.
Според весникот „Ле Паризиен“, групата од околу 100 мажи била придружувана до третиот кат исклучиво од машки персонал. Инцидентот предизвика силни реакции во Франција. Заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, изрази поддршка за демонстрантите и најави истрага, а компанијата што управува со кулата подоцна призна дека одлуката да се отстранат вработените жени била грешка.
Поради денешниот штрајк, затворени се и некои галерии во музејот Лувр.
Фото: прес-материјал од настанот


