Почетна
Магазин

Александра Бела го заврши ангажманот во Слободен печат

Познатата водителка на Фејсбук објави дека повеќе нема да се појавува во редакцијата; им се заблагодари на колегите и не открива каде ќе продолжи.

·Магазин
Александра Бела го заврши ангажманот во Слободен печат

Познатата водителка и новинарка Александра Бела го заврши ангажманот во медиумската куќа „Слободен печат“ и за тоа извести со емотивна објава на својот профил на Фејсбук.

Во кратката јавна белешка таа направи осврт на проектите и задачите што ги реализираше додека беше дел од редакцијата:

„Драги пријатели, сакам да ве известам дека повеќе нема да се гледаме на 'Слободен печат'. Благодарна сум што извесно време бев дел од оваа медиумска куќа. Мојата работна позиција, појдовно, беше водител на утринската програма на Јутјуб, од каде секое утро ве поздравував. Откако овој проект заврши, моите обврски се пренасочија, па среќна сум што раководството ги прифати моите предлози и идеи за одредени проекти кои го видоа светлото на денот“.

Проекти и сеќавања

Во рамките на својот ангажман таа потпиша неколку препознатливи серијали и емисии: меѓу нив е и „Мамавизија“, проект што, како што рече, долго тлеел како идеја и ѝ донел задоволство кога доби прифаќање од јавноста. Покрај тоа, беше дел и од подкастот „Мое лето“, како и од серијалите Артефакти и „Жителите на ЗОО Скопје“.

Во објавата Александра упати и благодарности до колегите и спомена за искрените моменти помеѓу членови на уредничкиот тим.

„Се случи и средба со многу добри колеги со кои имав прекрасни моменти, посебно утринската пауза на мокрите клупи. Од многумина научив многу, не само за новинарството, туку и за животот. Јавно благодарам до секој еден од нив за успешната соработка и за емотивното испраќање кое ми го приредија. Во мојата меморија ќе останат само убавите спомени од СП, а најубавиот жив спомен оттаму е моето маче – хероината Вера“.

Александра не ги откри идните професионални планови. Во коментарите на објавата многу пријатели ѝ порачаа дека каде и да се пресели, следната медиумска куќа ќе биде во добивка.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи