Александре Адам ја потпиша новата нацрт-стратегија на Европската комисија за економска интеграција
Нацртот предвидува фазно отворање на заедничкиот пазар за земјите кандидати ако тие целосно се усогласат со ставот на ЕУ против непријателски земји и економски ривали.

Александре Адам, францускиот дипломат кој во 2022 година го состави францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на Северна Македонија, сега е наведуван како главен автор на нов нацрт-план во рамките на Европската комисија за постепена економска интеграција на земјите кандидати.
Денеска беше објавено дека предлогот предвидува Европската Унија да го отвори својот заеднички пазар за државите кои чекаат членство, но тоа би се случувало по фази и под услов тие јасно и целосно да застанат зад европскиот блок во односот кон непријателски земји и економски ривали.
Што содржи нацрт-планот
Нацрт-планот предлага постепено економско приближување, со овозможување пристап до одделни сегменти на заедничкиот пазар и засилена регулаторна соработка пред конечното полноправно членство. Главниот принцип е поврзување на економските стимули со политичко и безбедносно усогласување кон ставовите на ЕУ.
Адам во моментов е заменик-шеф на кабинетот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се наведува како автор на иницијативата. Според текстот, отворањето на пазарот би било условено со недвосмислена поддршка на ЕУ против земји и актери означени како непријатели или конкуренти во економската сфера.
Пред да премине во Брисел, Адам беше еден од највлијателните советници за Европа во Елисејската палата. Тој влезе во тимот на претседателот Емануел Макрон на почетокот на првиот мандат во 2017 година и остана меѓу малубројните соработници кои ја задржаа довербата и функцијата и во вториот мандат.
Предлогот треба да предизвика дебата меѓу земјите членки за тоа како да се комбинираат стремежите за проширување со зголемените геополитички заботи и кои механизми на условување се прифатливи како стимул во процесот на пристапување.
Фото: Европска комисија)


