„Амазон“ ќе продава автомобили во Европа — старт во Британија почетокот на 2027
Amazon ќе понуди нови и употребувани автомобили преку Amazon Autos во Британија, во партнерство со Vertu Motors и со прв бренд Hyundai.

По електронските уреди, телефони и куќни апарати, Amazon ќе почне да ги нуди и автомобилите на својата европска платформа: Amazon Autos ќе дебитира во Обединетото Кралство на почетокот на 2027 година. Компанијата ја презема структурата што ја имплементира во САД кон крајот на 2024 година.
Почетна понуда и локални дилери
Во почетната фаза во понудата ќе се најдат нови модели на Hyundai и употребувани возила од партнерски продавачи. За старт е договорена соработка со британската фирма Vertu Motors, која располага со околу 200 продажни локации, а Amazon очекува пред официјалното лансирање да приклучи уште марки и продавачи.
Корисниците ќе можат преку платформата да прегледаат автомобили кои навистина се достапни кај локалните дилери, да ги споредат моделите и цените, да изберат возило и да направат резервација. Платформата ќе нуди и информации за опции за финансирање и алатка за проценка на вредноста на постоечкото возило при замена.
Иако купувањето започнува онлајн, процесот нема да функционира како стандардна нарачка од Amazon — автомобилот нема да се додава во виртуелна кошничка за испорака до дома.
Завршувањето на трансакцијата и примопредавањето на возилото ќе бидат во надлежност на овластениот продавач, кој ќе обезбеди и сите дополнителни услуги поврзани со купувањето.
Не е соопштено кога Amazon Autos би се проширил во други европски земји; натамошното ширење ќе зависи од тоа колку успешно ќе функционира на британскиот пазар.
Фото: Амазон


