Почетна
Магазин

Пет продолжени викенди во 2027 година — еве кои се сите неработни денови

Граѓаните ќе имаат најмалку пет продолжени викенди, а најдолг одмор е за Велигден (30 април–3 мај).

·Магазин
Пет продолжени викенди во 2027 година — еве кои се сите неработни денови

Македонските граѓани во 2027 година ќе имаат најмалку пет продолжени викенди, а најдолгиот одмор ќе биде за Велигденските празници. Календарот за неработни денови покажува дека неколку празници паѓаат така што може да се комбинираат со викендите.

Првата можност за спојување со викендот е веднаш на почетокот на годината: 1 јануари (петок) – Нова година, што создава тридневен одмор од петок до недела. Најдолгата низа неработни денови е планирана за Велигден, од 30 април до 3 мај.

Исто така, настануваат уште неколку продолжени периоди: Св. Кирил и Методиј од 22 до 24 мај, Илинден од 31 јули до 2 август, а Денот на народното востание (11 октомври, понеделник) се приклучува на претходниот викенд.

Кои денови ќе бидат неработни за сите граѓани?

Во 2027 година се предвидени вкупно десет неработни денови за сите граѓани. Неработните денови за сите граѓани во 2027 година се:

  • 1 јануари (петок) – Нова година
  • 7 јануари (четврток) – Божиќ
  • 9 март (вторник) – Прв ден на Рамазан Бајрам
  • 3 мај (понеделник) – Втор ден на Велигден
  • 24 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј
  • 2 август (понеделник) – Илинден
  • 8 септември (среда) – Ден на независноста
  • 11 октомври (понеделник) – Ден на народното востание
  • 23 октомври (сабота) – Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (среда) – Св. Климент Охридски

Покрај овие универзални датуми, постојат и дополнителни неработни денови за припадниците на одредени верски и етнички заедници, кои во зависност од позицијата во календарот може да создадат уште продолжени викенди.

Неработни денови за граѓаните од православна вероисповед се: 06 јануари (среда) – Бадник, ден пред Божиќ; 19 јануари (вторник) – Богојавление (Водици); 30 април (петок) – Велики Петок; 18 јуни (петок) – Духовден (петок пред Духовден); и 28 август (сабота) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 16 мај (недела) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам (17 мај понеделник е неработен ден).

Празници за други националности и вероисповеди вклучуваат: 27 јануари (среда) – Свети Сава (за српската заедница); 29 март (понеделник) – Католички Велигден, втор ден (за католичка вероисповед); 08 април (четврток) – Меѓународен ден на Ромите (за ромската заедница); 23 мај (недела) – Национален ден на Власите (за влашката заедница); 28 септември (вторник) – Меѓународен ден на Бошњаците (за бошњачката заедница); 11 октомври (понеделник) – Јом Кипур (за еврејската заедница); 01 ноември (понеделник) – Празникот на сите светци (за католичка вероисповед); 22 ноември (понеделник) – Ден на Албанската азбука (за албанската заедница); 21 декември (вторник) – Ден на настава на турски јазик (за турската заедница); и 25 декември (сабота) – Првиот ден на Божиќ (за католичка вероисповед).

Фото: Фејсбук

Поврзани написи