Почетна
Политика

Андоновски: Државните податоци се на над 40 локации во Скопје, потребен е национален дата-центар

Андоновски предупредува дека децентрализираното чување на податоци на над 40 локации во Скопје создава ризици за континуитетот на услугите.

·Политика
Андоновски: Државните податоци се на над 40 локации во Скопје, потребен е национален дата-центар

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оцени дека Македонија мора да изгради национален дата-центар за да обезбеди стабилност и континуитет на дигиталните државни услуги, како и да создаде домашна инфраструктура за развој и примена на вештачката интелигенција.

Андоновски предупреди дека државните системи се распоредени по повеќе локации во главниот град: "Имаме повеќе од 40 локации на кои се чуваат податоци и сервери, а за нив се грижат разни институции. Често се случува да има прекини поради технички проблеми, дефекти на климатизација или нестабилно напојување. Тоа не е само прашање на кибербезбедност, туку и на сигурност и континуитет на државните услуги", рече тој.

Проект и потенцијални придобивки

Министерот посочи дека проектот за национален дата-центар е вклучен како индикативен проект во Планот за раст на ЕУ и во реформската агенда на државата, и дека се разгледуваат можности за дополнително финансирање. Тој додаде дека се обезбедува пристап до капацитети за вештачка интелигенција преку регионални иницијативи и со поддршка од ЕУ, но истакна дека на долг рок е неопходно создавање домашна инфраструктура.

„Постои реален ризик да се создаде јаз меѓу оние што ќе имаат пристап до ресурсите потребни за вештачка интелигенција и оние што нема да може да си го дозволат тоа. Затоа мора навреме да инвестираме во сопствени капацитети“, рече Андоновски.

Тој оцени дека развојот на дата-центри може да привлече странски инвестиции, да овозможи трансфер на технологии и да отвори нови можности за домашните ИТ-компании и инженери. Како потенцијални локации ги посочи напуштените индустриски капацитети и подрачјата во близина на индустриските развојни зони, особено регионот околу Неготино.

На панел-дискусијата учествуваа и други актери: Петар Пешев од „Ултра“ нагласи дека треба да се прави разлика меѓу класичните дата-центри и оние наменети за вештачката интелигенција, кои имаат значително поголема потрошувачка на електрична енергија и посложени системи за ладење. Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, побара отворена дебата и јасни политики, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, ја истакна зелената транзиција како можност за инвестиции, а заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, нагласи дека одржливоста е предуслов за долгорочен успех на компаниите.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи