Ангелов: Пожарот околу Лопатица е целосно изгаснат
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека главната пожарна линија е изгасната, а екипите остануваат на терен поради можна реактивација.

Пожарот кој ноќеска го загрозуваше селото Лопатица е целосно изгаснат, информира утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Ангелов посочи дека селата Бонче, Подмоље и Лопатица сега се безбедни, но повика граѓаните да останат внимателни бидејќи "дочека е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа".
Мерки за контрола и ангажман на противпожарни екипи
Според Ангелов, пожарната линија која се гледаше од регионалниот пат Прилеп–Битола е целосно изгасната, додека активен е само уште еден крак високo над селото Бонче.
Тој изрази голема благодарност до прилепските пожарникари и доброволните единици ангажирани преку ДЗС: "Голема благодрност до прилепските пожарникари кои ноќва со контра пожар којшто го правеа над една противпожарна пресека во непосредна близина на село Лопатица, претходно изработена со механизациј успеаја да го прекинат огнот и да не му дозволат да ја премине пресеката и на тој начин да го загрози селото Подмоље."
Ангелов додаде дека на терен има пожарникари од Прилеп и посадите на двата пинцгауери што ќе ја следат линијата и ќе интервенираат доколку дојде до реактивирање. Тој истакна дека пожарот од мариовската страна е изгаснат или ставен под целосна контрола и изрази претпазлив оптимизам: "Оптимист сум дека денеска имаме можност да му го зададеме последниот удар па и на мое изненадување целосно да го изгаснеме овој најголем пожар оваа сезона."
Фото: dzs / Facebook