Почетна
Македонија

Ангелов: Синоќа подметнат пожар на пет локации во кавадаречко, има осомничен

ДЗС соопшти дека пожарите биле на стрмен терен и дека полицијата разговара со пронајдено лице осомничено за подметнувањето.

·Македонија
Ангелов: Синоќа подметнат пожар на пет локации во кавадаречко, има осомничен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека доцна синоќа на околу дваесетина километри од Кавадарци бил подметнат пожар на пет локации и дека има осомничено лице.

Тешко пристапен терен и работа на терен

Ангелов изјави дека гаснењето било исклучително тешко поради стрмен терен и дека на лице место останале пожарникари кои ги следат ситуациите за да не дојде до повторно палење.

„Градоначалникот Јанчев цела ноќ ја помина на терен со неговите пожарникари и некаде во раните утрински часови, пред 5 часот, успеаја истиот да го стават под целосна контрола и да го изгаснат. На лице место се останати пожарникари кои внимаваат да не дојде до негово повторно палење“, рече Ангелов.

Вработени во Национални шуми го забележале осомничениот. „Истото побегнало од возилото, но е пронајдено подоцна и моментално кавадаречката полиција одржува разговор со него. Се надевам дека ќе бидат обезбедени доволно докази за осомничениот да биде изведен пред лицето на правдата“, додаде тој.

Од ДЗС информираа дека вчера имало околу триесет пожари на отворен простор, при што два истовремени пожари во Гостивар биле меѓу попретставителните, но и тие се изгаснати.

„И покрај нашите апели до граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи очекувавме за Илинден поголема раздвиженост, но исто така беше и прв ловен ден имаше и доста ловци во природата, сепак се појавија трисетина пожари на отворен простор, односно поголем број на луѓе ги предизвикаа овие пожари. Благодарение на брзиот почетен одговор на локалните пожари, пожарите беа изгаснати. Ги повикувам граѓаните да бидат исклучително внимателни бидејќи и денеска имаме голема раздвиженост на луѓе, празничен ден. Доволно е само искра да предизвика пожар со катастрофални последици“, рече Ангелов.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи