Почетна
Македонија

Антициклон над Македонија: Еве какво време ќе донесе

Висок притисок ќе услови суво, претежно сончево време и температури малку под просекот, со ризик од слаб мраз во повисоките места.

·Македонија
Антициклон над Македонија: Еве какво време ќе донесе

Територијата на Македонија во текот на новата седмица ќе биде под влијание на висок воздушен притисок — антициклон, кој ќе условува стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала до умерена локална облачност и локално услови за краткотраен слаб дожд, објави метеорологот Славчо Попоски.

„ Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината во текот на новата седмица која што ни претстои времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температури и ризик од утрински мраз

Температурите ќе бидат малку под просекот за овој период од годината: наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека на повисоките населени места и во планините ќе се спуштаат близу 0 степени, што ќе создаде услови за појава на слаб утрински мраз и слана.

„Максималните дневни температури пак до четврток (1 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени а потоа ќе бидат малку пониски и тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, а максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 22 и 24 степени“, објави тој.

Антициклоскиот режим во основа ќе донесе стабилно време, но на изложените и високопланинските локалитети треба да се очекуваат постудени утриња и можност за слаб мраз; каде што ќе се собере повеќе облачност, не се исклучуваат и краткотрајни локални врнежи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи