Променливо време и јужен ветер, магла во западните делови
УХМР најавува температури од 4 до 17 °C, опаѓање од сабота и засилен јужен ветер пред тоа.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува променливо облачно време со повремени сончеви периоди за денеска. Во текот на денот се очекува слаб до умерен јужен ветер, а во западните делови ќе има услови за појава на магла.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 17 степени.
Во Скопје прогнозата предвидува променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 17 степени.
Краткорочна прогноза
Според најавата на УХМР, до почетокот на следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд поради продор на постудена воздушна маса од север. Од сабота се очекува опаѓање на температурите.
Ветровите ќе бидат слаб до умерен интензитет, а во петок се очекува силен и повремено многу силен јужен ветер.
Фото: прес-материјал од настанот


