Променливо облачно со повремени сончеви периоди и локален слаб дожд
Денес променливо облачно со услови за локален слаб дожд; од сабота температурите опаѓаат поради постудена воздушна маса.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд, а по одделни котлини може да се појави магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Краткорочна прогноза
До почетокот на следната седмица времето ќе остане променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со појави на повеќе облачни и краткотрајни сончеви периоди.
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.
Фото: прес-материјал од настанот


