Почетна
Македонија

Архиепископот Стефан ја откажа најавената посета на САД и Канада поради здравствени причини

Посетата што требаше да се одржи крајот на август во Вилоубрук (Чикаго) е откажана по препорака на лекарите; МПЦ-ОА не дава здравствени детали.

·Македонија
Архиепископот Стефан ја откажа најавената посета на САД и Канада поради здравствени причини

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја откажа најавената посета на Американско-канадската епархија поради здравствени причини и по препорака на лекарите, соопшти МПЦ-ОА.

Посетата, која беше планирана за крајот на август и требаше да се одвива за време на собирите и манифестациите на Американско-канадската епархија, годинава требаше да биде во организација на црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук (Чикаго).

Кратко соопштение, без детали

Во краткото соопштение МПЦ-ОА информира дека откажувањето е по препорака на лекарите, но не ги открива деталите за здравствената состојба на Архиепископот. Тој, исто така, не учествуваше во богослужбата за празникот Преображение на 19 август.

-Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук (Чикаго). На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква, пишува во соопшрението.

Од Светиот архиерејски синод изразија надеж дека Архиепископот ќе закрепне и наскоро ќе ја продолжи редовната пастирска и управна служба. Црквата не објави нови датуми за евентуални патувања или јавни појавувања.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Поврзани написи