Аркин Јахији номиниран од ДУИ за градоначалник на Брвеница
Предвремените избори се закажани за 18 октомври; ДУИ го промовира Јахији како кандидат насочен кон развој.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го номинира Аркин Јахији за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните предвремени избори, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.
Во соопштението од партијата се наведенo дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“.
ДУИ појаснува дека целта е да се создаде поразвиена и достоинствена Брвеница, со локална администрација која е во служба на граѓаните, со конкретни инвестиции и со еднаков пристап до можности за сите населени места.
Партијата оценува дека општината располага со значителен развоен потенцијал и дека е потребно раководство кое ги познава потребите на граѓаните и системски работи на нивно решавање.
Според соопштението, Јахији ќе биде глас на граѓаните и партнер на сите кои сакаат да придонесат за развојот и благосостојбата на општината.
Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ги распиша Гаши; гласањето е закажано за 18 октомври 2026 година.
Фото: прес-материјал од настанот