Доналд Трамп ја номинира Кристи Меккормик за амбасадорка на САД во Северна Македонија
Соопштението на Белата куќа ја достави номинацијата која сега треба да ја потврди Сенатот.

Претседателот Доналд Трамп ја номинира Кристи Меккормик од Калифорнија за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. На веб-страницата на Белата куќа е објавен предлогот, кој сега треба да биде одобрен од Сенатот.
Правничка со долгогодишно искуство во изборна администрација
Кристи Меккормик е дипломиранa правничка и, како што се наведува, била членка на Американската изборна комисија од декември 2014 до јули 2026 година. За време на мандатот ја предводела реорганизацијата на Комисијата, организирала самити за изборни податоци и пристапност и учествувала во набљудување на избори во речиси сите сојузни држави на САД и во повеќе други земји.
Пред назначувањето во Комисијата, од 2006 година работела како виш правен советник во Секторот за гласачки права при Министерството за правда на САД. Од 2009 до 2010 година била ангажирана во Амбасадата на САД во Багдад како американски експерт за избори, надгледувајќи ги националните избори во Ирак. Претходно работела во правосудните институции во Вирџинија, вклучително и како помошник-јавен обвинител и како дел од правни тимови што ја застапувале оваа сојузна држава пред Врховниот суд на САД.
Во соопштението на Белата куќа стои: „Кристи Меккормик, од Калифорнија, да биде именувана за вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија“.
Во текстот што придружуваше номинацијата се напоменува и дека Меккормик важи за блиска до новоназначениот шеф на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, и дека во неколку наврати давала контроверзни изјави дека демократите се потпираат на гласање на нелегални мигранти за да победат на американските избори.
Од почетокот на годинава вршител на должноста амбасадор во Скопје е Никол Варнс, по одповикот на досегашната амбасадорка Анџела Прајс Агелер од страна на администрацијата на Доналд Трамп, по три години во Скопје како десетта амбасадорка на САД. Номинацијата на Меккормик сега оди на потврда во Сенатот.
Фото: прес-материјал од настанот


