Почетна
Македонија

Армијата слави 34 години со почесна артилериска стрелба во Скопје и смотра во Штип

Во Скопје и Штип ќе има почесна артилериска стрелба и смотра на пешадиски единици.

·Македонија
Армијата слави 34 години со почесна артилериска стрелба во Скопје и смотра во Штип

Со низа настани во Скопје и во Штип денеска се одбележува 34-годишнината од формирањето на Армијата.

Програма на одбележувањата

Во касарната „Илинден" во Скопје, вечер во 19 часот е предвидена почесна артилериска стрелба — единицата на артилерискиот баталјон ќе изврши истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Во касарната „Јане Сандански" во Штип, 34-годишнината ќе биде одбележана со смотра на Вториот пешадиски баталјон и други армиски единици.

На одбележувањето, како што најави Генералштабот, се очекува да присуствуваат претставници од повисоката команда во Армијата, градоначалници, директори и раководители на јавни претпријатија и установи во Штип и претставници на верските заедници.

Настаните се дел од програмата за одбележување на 34-годишнината од формирањето на Армијата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи