Автобуси без клими и прозорци, улиците суви — Скопје под притисок од топлотниот бран
Граѓаните велат дека многу автобуси имаат расипани клими или неотворачки прозорци, а улиците остануваат суви и прашливи при температури до 40°C.

Скопјани се соочуваат со екстремен топлотен бран: улиците се суви и прашливи, асфалтот пржи, а дел од градскиот превоз функционира без клима-уреди или со автобуси што не може да се проветрат поради затворени прозорци.
Повозрасните велат дека паметат порано кога цистерните секојдневно ги миеле улиците, а во најжешките денови барем повремено ги распрскувале водата за да се разлади централното градско подрачје. Граѓаните сега тврдат дека такви операции скоро и да не виделe, освен во ограничени случаи во одредени општини.
Проблемите со јавниот превоз се најмногу на удар: многу автобуси имаат расипани клими, а некои приватни возила имаат прозорци кои не се отвораат. Патниците опишуваат возења во затнат простор, а во некои наврати се видело и автобуси што сообраќаат со отворени врати за да не им колабираат патниците — што го оценуваат како опасно и неодговорно. На автобуските станици проѕирните настрешници од плексиглас не даваат соодветна заштита од сонцето.
Барања за итна интервенција
Жителите бараат итна поправка на расипаните клима-уреди во автобусите и заострување на техничките услови за приватните возила кои одат во рамките на јавниот превоз. Како што кажуваат несреќните патници: "Мајсторе, пушти клима — испоцркавме!"
Од Град Скопје велат дека преземаат мерки за заштита на граѓаните за време на топлотниот бран. Во соработка со Црвениот крст, мобилни тимови со обучени волонтери секојдневно биле присутни на најфреквентните локации, каде делеа вода, даваа совети, мераа крвен притисок и по потреба обезбедуваа транспорт до здравствена установа. Од Црвениот крст информираа дека нивните тимови за превенирање работеле во периодот од 31 јули до 10 август 2026 година и биле секојдневно на терен од 11:00 до 16:00 часот, при што поделиле повеќе од 6.000 шишиња вода.
Градот исто така нагласува дека се врши санација на јавните чешми и дека повеќе од 210 чешми се ставени во функција и се достапни за граѓаните. Сепак, граѓаните тврдат дека е потребно систематско прскање на улиците и брзи поправки на климите во автобусите за полесно поднесување на високите температури, кои локално достигнуваат до 40 степени.
Фото: Pexels-700x467.webp')