Почетна
Македонија

Утре надзорна расправа во Собранието за Алта банка

Пратениците ќе ја испитаат причината за воведување привремена администрација и улогата на Народната банка.

·Македонија
Утре надзорна расправа во Собранието за Алта банка

Утре во Собранието ќе се одржи надзорна расправа посветена на Алта банка, на која пратениците ќе побараат објаснување за причините што довеле до воведување на привремена администрација и за улогата на Народната банка и другите институции.

Сведоци и прашања

Од Народната банка добивме потврда дека гувернерот Трајко Славески ќе присуствува на надзорната во собранието. Како говорници, или според текстот до кој дојде Телевизија 24 на листата на сведоци кои ќе дадат свој исказ се најавени Премиерот Мицкоски, Претседателката на државата Силјановска Давкова, Министерката за финансии Димитриевска Кочовска, Јавниот обвинител Савски, директорката на агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева, Привремениот Асдминистратор на банката Илија Андоновски, поранешната градоначалничка на Скопшје Данела Арсовска. Наташа Савова како членна Менаџерскиот тим на Алта банка, Маја Штериева претседателка на банкарската асоцијаци на Македонија, Трифун Костовскимнозински акционер во Еуростандард банка, Петар Гошев поранешен гувернер и уште десетина други лица.

Опозицискиот лидер Венко Филипче постави прашање до неговиот политички опонент за какво својство премиерот Христијан Мицкоски посредувал и кои биле евентуалните контакти при пронаоѓањето на купувачи за Алта банка.

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СДСМ

„Го слушам изминатите денови премиерот Христијан Мицкоски како кажува дека нашол купци за Алта банка. Тој нашол купци за Алта банка. Во кое својство? Што е премиерот Мицкоски? Дилер, посредник, пронаоѓач на потенцијални купувачи на банки кај нас. Кога веќе гувернерот Трајко Славески кажа дека бил информиран за влезот на Алта банка тука кај нас, првата работа која што се наметнува како прашање после оваа негова изјава е дали тој исто како што сега наоѓа купци за Алта банка Скопје бил човекот кој што ја донел Алта банка Србија кај нас"

Власта, пак, останува на ставот дека опозицијата со секојдневното ширење на паника и со, како велат, објавувањето на невистини за Алта банка, штети на процесот за спасување и стабилизирање на банката.

Миле Левков ПРАТЕНИК ВМРО-ДПМНЕ

„Банкарскиот сектор е воден од независно- навидум ревизорско тело, а тоа е Народната Банка, и е независно од власта и се грижи за монетарната политика. Во изминатите години докажала дека НБ си ја врши работата, онака како што треба да биде. Вториот аспект е една увезена криза кога станува збор за Алта банка. Овде е важно, дали банкарските власти Народната банка и Владата се одзвале би рекол коректно на кризата во насока на заштита на депозитите и штедачите. Тоа јавноста може да го просведочи. "

Народната банка пред десет дена воведе привремена администрација во Алта банка. Гувернерот со тоа потврди дека банката продолжува да работи, дека е ликвидна и високо капитализирана. Привремената администрација ќе остане на сила додека не се смени сопственоста. Во меѓувреме почнаа шпекулациите дека има неколку домашни и неколку странски банки кои би можеле да ја преземат Алта; според последните информации, на крајот од месецот или на почетокот на идниот ќе се одржи аукција за акциите што ќе ја формализира продажбата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи