Балканот заснежен и со силен ветер — во Македонија следуваат утрински температури до -18 степени
Снежни врнежи и силни налети на ветер низ регионот, а во земјава следуваат многу студени утрински температури.

Снегот денеска ги погоди повеќе земји на Балканот, а во делови од регионот се регистрира и силен ветер.
Во Белград и околината градот побелеа под снежната покривка. Српските власти ги повикаа возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград и им препорачаа да користат зимски гуми и да ги почитуваат ограничувањата на брзината.
Снег се бележи и во Хрватска — во Загреб и во централните делови, како и во областите Подравина и Славонија. На повисоките места снежната покривка достигнала од 10 до 20 сантиметри. Температурите во поголемиот дел од земјата се движат од нула до три степени, додека на крајбрежјето се од девет до 14 степени.
Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер; на поодделни места се очекуваат налети на ветер до 165 километри на час. Снег и дожд паѓаат и во Босна и Херцеговина.
Прогноза за Македонија
Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. Синоптичарите прогнозираат стабилно, но многу студено време во наредните денови. Утринските температури ќе бидат под нулата на повеќето места и некаде можат да се спуштат до -18 степени.
Македонската берза и оваа година, во соработка со медијски партнер, ќе додели повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност. Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 10 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 17 декември. Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Фото: прес-материјал од настанот


