Почетна
Свет

Белата куќа лансира 24/7 „Трамп ТВ“ по укинувањето на акредитациите на CNN, Politico и MS NOW

Каналот започна во 19:00 со говорот на Трамп од Рашмор и ќе емитува најважни моменти и соопштенија на администрацијата.

·Свет
Белата куќа лансира 24/7 „Трамп ТВ“ по укинувањето на акредитациите на CNN, Politico и MS NOW

Белата куќа во понеделникот ја лансираше 24-часовната стриминг-платформа „Трамп ТВ“ која на Јутјуб ќе емитува архивски снимки, главни обраќања и важни моменти од администрацијата.

Како почна емитувањето

Каналот тргна во 19 часот по локално време, со емитување на говорот на претседателот Доналд Трамп од планината Рашмор од 3 јули. Од Белата куќа најавија дека на платформата ќе се собираат „најдобрите видеа, главните говори и најважните моменти“ од администрацијата, достапни на едно место.

„'Трамп ТВ' сега е достапна за следење. 24/7, со ажурирања во реално време – најдобрите моменти од минатото, соопштенија, како и најновите и најважните активности на администрацијата. Останете информирани и во тек со најновите случувања! Не секој важен момент досега беше прикажан на вашиот телевизор, но сега ќе биде“, соопштија од Белата куќа.

За промоцијата, на јутјуб-каналот на Белата куќа беше објавено кратко видео кое комбинираше исечоци од серии и филмови со графика на која се појавуваше натписот „Трамп ТВ“.

Ова следи откако претседателот Трамп во саботата им ги одзеде акредитациите за известување од Белата куќа на новинарските тимови на Си-ен-ен, „Политико“ и Ем-ес нау и им беше забранет влез на тимовите на комплексот, обвинувајќи ги дека пласираат лажни вести.

По одлуката за укинување на акредитациите, дел од американските медиуми одбија да учествуваат во заедничкото телевизиско покривање во знак на солидарност, што го наруши вообичаениот независен пул за снимање на претседателските настани.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи