Почетна
Свет

Трамп ја прогласи Овалната соба за национален споменик

Претседателот потпиша извршна наредба со која сака да го заштити обновениот ентериер од промени на идните претседатели.

·Свет
Трамп ја прогласи Овалната соба за национален споменик

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која официјалната канцеларија на претседателот, Овалната соба во Белата куќа, ја прогласи за национален споменик, со цел да спречи идните претседатели да вршат промени во ентериерот што тој го реновираше.

Според најавите од Белата куќа, целта на наредбата е да се зачува новиот изглед на просторијата и да се ограничи можноста за понатамошни интервенции од административните наследници.

Непознато дали мерката може да се поништи

Трамп во изјава рече: "Ја правиме национален споменик и нема да биде дозволено никој да ја допира, уништува и урива, со цел да изгради нешто во малку поинаква форма" и го образложи потегот како начин да го заштити ентериерот што го обновил.

Правни експерти укажуваат на прашањата дали една извршна наредба може трајно да ја замрзне правната положба на дел во Белата куќа. Исто така не е јасно дали следниот претседател би можел да ја поништи наредбата или дали судска пресуда може да ја укине.

Оваа одлука го враќа вниманието кон прашањето колку далеку се простира претседателската власт во однос на редизајнирањето на просториите во Белата куќа и дали таквите одлуки можат да бидат заштитени од промени во идни администрации.

Фото: АП)

Поврзани написи