Почетна
Македонија

Бесплатен ранец и училишен прибор за сите првачиња во Кисела Вода

Бесплатни ранци и прибор ќе добијат приближно 530 првачиња во осум општински училишта.

·Македонија
Бесплатен ранец и училишен прибор за сите првачиња во Кисела Вода

Општина Кисела Вода најави дека за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија ќе обезбеди бесплатни анатомски ранци и училишен прибор.

Мерката ќе ги опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември ќе започнат со редовна настава во прво одделение.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска појасни дека целта е да им се помогне на семејствата пред почетокот на учебната година и да се намали трошокот што паѓа врз домашниот буџет.

Поддршка без дополнителни формалности

“Првиот училишен ден е важен момент за децата и родителите, а нашата цел како Општина е тој да помине без дополнителен финансиски товар за семејниот буџет. Овој проект, кој како позитивен пример веќе се применува и во голем дел од другите општини, ја потврдува нашата континуирана заложба за директна поддршка на граѓаните. Затоа, апелирам до родителите на идните првачиња да не се изложуваат на трошоци и да не купуваат ранци и прибор. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не се потребни никакви критериуми, ниту дополнителни административни процедури, бидејќи мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општината подвлекува дека поддршката ќе се доделува автоматски и дека родителите не треба да поднесуваат пријави или да исполнуваат дополнителни услови.

И годинава за секое прваче во Гази Баба, Општината дава по 3000 денари

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Поврзани написи