Почетна
Македонија

Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во Центар

Општина Центар ќе ги опреми сите основци од 1–9 одделение со петчлен комплет униформи и ќе обезбеди ранци за првачињата.

·Македонија
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во Центар

И оваа учебна година Општина Центар продолжува со мерката за бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте основни училишта во Општина Центар.

Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави и дуксер со патент, соопштија од општината. Целта е да се намалат видливите социјални разлики меѓу учениците и да се поттикне чувство на еднаквост во учебната средина.

Помош и за првачињата

Покрај униформите, општината обезбеди бесплатно ранче за секое прваче кое од септември ќе седне во училишната клупа во училиштата во Центар. Ранците се дел од пакетот мерки наменет да им ја олесни подготовката за почетокот на наставата на семејствата.

"Училиштето е место каде што децата треба да се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не по тоа кој што носи и колку неговите родители можат да си дозволат. Со униформите ги намалуваме социјалните разлики и создаваме чувство на еднаквост и припадност кај сите ученици – информира градоначалникот Горан Герасимовски."

Во прилог на оваа информација, се наведува и дека општината на Гази Баба за секое прваче дава по 3.000 денари.

Од Општина Центар велат дека организирањето и поделбата на униформите ќе се одвива преку училиштата пред стартот на учебната година и дека програмата опфаќа сите ученици запишани во осумте основни училишта во Центар.

Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Поврзани написи