Почетна
Магазин

Благоја Грујовски ги расплака и развесели Македонците во Измир: зурли, тапани и ора до зори

Фолк ѕвездата настапи во Алтиндаг и Чамдиби за македонските иселеници, придружуван од традиционални зурли и тапани.

·Магазин
Благоја Грујовски ги расплака и развесели Македонците во Измир: зурли, тапани и ора до зори

Благоја Грујовски неодамна отпатува во Турција и ги привлече македонските иселеници во Измир и околината на серии настапи кои предизвикаа бурни емоции и голема посетеност.

Видео-снимките и сторињата од концертите во изминативе денови се раширени по социјалните мрежи и јасно ја прикажуваат атмосферата: пеење, игра и громогласни аплаузи.

Настапи во Измир

Настапите се одржаа во населбите Алтиндаг (Altındağ) и Чамдиби (Çamdibi), каде што Благоја беше главен гостин на голема традиционална сунет-прослава (sünnet düğünü) и на други локални собири каде присуствуваа многу наши иселеници.

За музичката поддршка се погрижи локалниот состав Ersan Hürman & Grup ENA, кој со зурли и тапани го создаде традиционалниот и празничен звук на настапите.

Во видеата објавени од домаќините и од самиот пејач се чита и пораката: „Бевте прекрасни… Ајирлија (Ajırlıja)!“ како честитка и збогатување на атмосферата.

Публиката непрекинато играше македонски ора и ги пееше најпознатите песни на Грујовски; по секоја песна следуваа овации и долги аплаузи. Настапите оставија силен впечаток и преубави спомени кај оние што присуствуваа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи