Почетна
Магазин

Бојан Илиевски вози моќен BMW по победата на „Ѕвездите на Гранд“

По летните сцени со глисер, пејачот сподели фотографии од автопат и најави гостински настап во Штип на 18 септември.

·Магазин
Бојан Илиевски вози моќен BMW по победата на „Ѕвездите на Гранд“

Бојан Илиевски, младиот пејач кој ова лето ја освои публиката и ја победи во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, повторно привлече внимание со нови објави на социјалните мрежи.

Од Охридско езеро до автопатот

Откако сподели снимки од првото искуство зад управувањето на глисер на Охридското Езеро, Илиевски објави фотографии во кои се гледа како управува со моќен BMW. На дел од кадрите се гледа крстарење по автопатот кон Белград, како и ноќно возење придружено со старите хитови.

Во објавите е јасно дека покрај музиката, Илиевски има и голема страст кон брзите и ефектни автомобили — а фановите брзо реагираа со коментари и лајкови на неговите патни сцени.

Прашањето за автомобилите како награди на „Ѕвездите на Гранд“ повторно се најде во фокусот кога на емисијата на Цеца Ражнатовиќ гостуваа претходните македонски учесници Никола Станишиќ и Мики Секуловски. Никола призна дека почти не го користи Fiat Tipo што го доби како награда затоа што го сака својот стар автомобил, и се пошегува: „Ма ќе му го продадам на Мики, односно за него е гратис бидејќи за малку му избега победата“, се пошегува Никола тогаш.

Покрај редовните настапи и патувања, Илиевски најави и голем гостински настап на претстојната „Штипска Пастрмалијада“ — на 18 септември на Градскиот стадион во Штип.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи