Почетна
Магазин

Цеца на гламурозна свадба на Кипар: фустан вреден речиси 3.000 евра, сандали 1.200 евра

Семејството Ражнатовиќ присуствуваше на свадбата на кумовите; Цеца привлече внимание со тесен црн фустан и проѕирни детали.

·Магазин
Цеца на гламурозна свадба на Кипар: фустан вреден речиси 3.000 евра, сандали 1.200 евра

Семејството Ражнатовиќ отпатува на Кипар за да биде дел од свадбената прослава на нивните кумови, а меѓу гостите најмногу внимание привлече фолк-дивава Цеца и нејзината сестра Лидија Оцокољиќ.

За оваа прилика Цеца избра тесен црн фустан кој ја следи линијата на телото и е декориран со проѕирни детали и црна чипка кај градите и на долниот раб — избор што го издвојуваше од останатите тоалети.

Целокупниот стајлинг го надополнуваа високо врзана коса во коњско опавче и дискретен накит; според објави на профили кои ја следат нејзината мода, само фустанот чинел речиси 3000 евра, а сандалите со циркони 1200 евра.

Прослава на отворено и народни елементи

Прославата на брегот на морето траеше до доцните часови и меѓу атракциите беа танчарите во народни носии, додека во заднина се виде и снаата Богдана и синот Вељко Ражнатовиќ.

Пејачката неодамна го откри и својот режим за обликување: „Симнав 8,5 килограми за еден месец, а ниту за секунда не гладував, јадев сè што сакав. Најдоцна до половина осум или осум навечер запирам со внес на храна и тоа кај мене се покажа како одлично“, откри таа, на шега додавајќи дека понекогаш се почестува и со пиво.

Додека Лидија се појави во златен деколтиран фустан, изборот на Цеца — едноставни додатоци и префинет фриз — го направи фокусот на вниманието на тесниот црн тоалет.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи