Цеца пристигна во Мадрид во стајлинг вреден околу 45.000 евра
Фолкерката отпатува од Србија за да ја види ќерката и новородениот син, споделувајќи насмевки и фотографии од патувањето.

Светлана Цеца Ражнатовиќ отпатува од Србија за Мадрид за да ја посети ќерката Анастасија, која неодамна на свет донесе син. Фолкерката на социјалните мрежи објави кадри од патувањето, со широко насмевка на лицето додека се подготвуваше за средбата со семејството и внукот.
За патот до Шпанија Цеца избра лежерен спортски аутфит во неутрални беж тонови. Во првиот план беше тренерка со препознатливиот потпис на модната куќа „Шанел“, чија вредност се движи меѓу 2.000 и 3.500 евра, а го надополни со едноставен беж качкет за удобен лет.
Гламурот дојде преку накитот
Најсилен впечаток остави скапоцениот накит: Цеца носеше огрлица и прстен од колекцијата „Two Butterfly“ на Van Cleef & Arpels, изработени од злато и украсени со скапоцени камења. Вредноста на огрлицата се проценува на околу 15.000 до 25.000 евра, додека препознатливиот прстен со мотив на пеперутка достигнува цена и до 28.000 евра, па така целокупниот стајлинг изнесува околу 45.000 евра.
Во неодамнешна изјава Цеца порача за односите во семејството: "Јас не сум луда свекрва, ги пуштам децата да живеат", откривајќи дека не сака да се меша во туѓите одлуки. За својот зет додаде: " Мене мојот зет ме обожава", потврдувајќи пријателски и топол однос со Немања Гудељ.
Анастасија пак призна дека ѝ недостасува мајката додека живее во Шпанија, но дека нивната блискост останала иста и покрај километарите. Со оваа посета во Мадрид семејството повторно уживаше во топла средба околу новороденчето.
Фото: прес-материјал од настанот


