Цеца ужива во луксузна вила во Аја Напа, ги покажа базенот и селфи
Пејачката ги покажа ноќните снимки од вилата и изјави дека го чува ѓерданот кој некои го поврзуваа со кражба.

Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ замина во Аја Напа и на своите следбеници им покажа делови од дворот на луксузната вила каде се релаксира.
На видеозаписите објавени на Инстаграм се гледа голем, ноќно осветлен базен со тиркизна вода, опкружен со бела камена ограда и високи палми под ноќното небо, а атмосферата беше надополнета со соодветна музика.
Подоцна, пејачката сподели и атрактивно селфи направено во автомобил кое го привлече вниманието на фановите; многумина коментираа дека изгледа подобро од кога било.
Гламурозна свадба и стајлинг
Ражнатовиќ неодамна престојуваше на Кипар поради гламурозна свадба на своите кумови, каде зазеде централно место и се појави во стајлинг за кој медиумите пишуваат дека вредел неколку илјади евра — тесен фустан и високи потпетици од светски бренд.
На истиот престој, Цеца става крај и на долготрајните шпекулации околу наводно „украдениот“ ѓердан од почетокот на нејзината кариера, кој тогаш го носеше во култната емисија кај Минимакс. Пејачката јасно порача дека накитот никогаш не бил украден и дека го чува и ден-денес.
“Таа приказна е потполно морбидна и е најкласичен трач што се влече со децении. Ѓерданот го имам и ден-денес, го сочував затоа што е навистина прекрасен. Го купив лично јас во Милано кога одев по мојата венчаница. Благодарна сум им до небо на сите оние луѓе кои никогаш не поверуваа во тие будалаштини поврзани со моето име и кариера”, порача Цеца во медиумите, ставајќи крај на чаршиските муабети.
Фото: прес-материјал од настанот


