Почетна
Балкан

Чад и солзавец над Тирана — шести ден антивладини протести

Судири пред канцеларијата на премиерот, многу повредени и стотици уапсени откако немирите прераснаа во насилство.

·Балкан
Чад и солзавец над Тирана — шести ден антивладини протести

Чад и солзавец ја прекрија Тирана во шестиот ден антивладини протести, кои прераснаа во судири меѓу демонстранти и полиција и оставија по себе запалени контејнери, превртени автомобили и извалкани градски улици.

Надвор од кабинетот и бројки од штетите

Демонстрантите фрлаа камења и Молотови коктели кон полицијата, која возвраќаше со водени топови, солзавец и гумени куршуми. Најнајтешко беше пред канцеларијата на премиерот Еди Рама, каде што протестите бараат оставка поради наводни коруптивни афери во неговата влада.

Рама, кој е на функција од 2013 година и го служи својот четврти мандат, ги отфрли барањата за оставка и ја обвини опозицијата и странски влијанија за поттикнување на немирите со цел да се попречи патот на земјата кон членство во Европската Унија. Тој рече дека во последните денови бил неутрализиран дрон со експлозив целен кон владината зграда.

„Овде е вмешан и криминал. Пред два дена беше неутрализиран дрон, што носеше експлозив наменет за напад врз Кабинетот на премиерот. Целта била да се предизвика пожар во внатрешниот двор, каде што се наоѓа онаа дрвена конструкција, а само Господ знае какви би можеле да бидат последиците. Ниту еден млад човек, ниту еден студент, ниту пак малолетник, не би можел да смисли таков план, а камоли да го спроведе. Ова е дело на странска рака“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија

Во обраќањето им се обрати и на средношколците и студентите со повик за дијалог, ветувајќи средби на место по нивен избор. „Ги повикувам сите што сакаат дијалог, сите што сакаат да се сретнат со мене, без разлика дали пред камери или без нив, со или без присуство на фотографи, да седнеме и да разговараме, било во Кабинетот на премиерот, на универзитетот или на кое било друго место што вам ви одговара. Да поразговараме за тоа што ве мачи, што сакате, што можеме да направиме за вас и како можеме да ги подобриме работите“, додаде Рама.

Според албанското Министерство за здравство, досега се повредени вкупно 272 лица, од кои 65 само вчера. Во бројката се вклучени 37 полицајци, 24 демонстранти, три случајни минувачи и едно малолетно лице. Полициски извори јавуваат дека за време на немирите се уапсени 167 лица.

Овие немири следуваат по повеќемесечни собири организирани од таканареченото движење „Фламинго“, што избувна како реакција против планот за голем луксузен туристички комплекс на јужниот брег на Албанија, поврзан со инвестициска фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи