Почетна
Македонија

Црвениот крст отвори психолошко советувалиште — сесии 45–60 минути

Советувалиштето работи секој работен ден од 08:00 до 20:00; закажување и информации на 072 271 048.

·Македонија
Црвениот крст отвори психолошко советувалиште — сесии 45–60 минути

Црвениот крст на Република Северна Македонија отвори психолошко советувалиште кое нуди индивидуални психолошки сесии со стручно лице, професионално советување и психолошка поддршка за справување со стрес, анксиозност и емоционални оптоварувања.

Од организацијата информираат дека советувалиштето ќе работи секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. Сесијата ќе трае од 45 до 60 минути. За информации и закажување термини граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 072 271 048. Телефонските повици за информации и закажување термини се примаат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Кому е наменето и каков е пристапот

Советувалиштето нуди поддршка при лични, семејни и професионални предизвици, обезбедувајќи безбеден, пријатен и доверлив простор во кој лицето може слободно да разговара, како и индивидуален пристап прилагоден на посебните потреби и предизвици на корисникот.

Во соопштението од Црвениот крст стои: "- Еден разговор може да биде почеток на голема промена. Грижата за менталното здравје не е луксуз, туку потреба. Барањето психолошка поддршка не е слабост, туку храброст. Тоа е чекор кон подобро разбирање на себе, кон емоционална рамнотежа и поквалитетен живот. Не чекајте моментот да стане премногу тежок. Направете го првиот чекор кон подобро ментално здравје. Ние сме тука да ве сослушаме. Вашето ментално здравје е важно. Побарајте поддршка, не сте сами - се вели во соопштението од Црвениот крст на Република Северна Македонија."

Од организацијата посочуваат дека понекогаш зад насмевката може да се крие грижа, зад секојдневните обврски стрес и притисок, а зад тишината чувства и предизвици за кои ни е потребен некој што ќе нè сослуша и разбере. "- Не мора да поминувате низ тешките моменти сами. Не мора секогаш да бидете силни. Имате право да побарате поддршка - велат од оваа организација."

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи