Почетна
Свет

Црвено предупредување за пожари прогласено во повеќе региони во Грција

Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги прогласи највисоките предупредувања за повеќе делови од копното и островите поради екстремна опасност од пожари.

·Свет
Црвено предупредување за пожари прогласено во повеќе региони во Грција

Генералниот секретаријат за цивилна заштита при Министерството за климатска криза и цивилна заштита денес прогласи црвено предупредување за пожар за повеќе региони во Грција и го стави државниот апарат во зголемена оперативна готовност поради висок ризик од пожар.

Црвеното предупредување се однесува на регионот Атика, вклучувајќи ја и Китера, како и на регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија. Исто така е прогласено за Крит и за регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија.

Во северниот Егеј предупредувањето важи за островите Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, додека за Кикладите во јужниот Егеј е исто така прогласено црвено предупредување.

Активирањето на црвеното предупредување значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и средства за брзо справување со можни пожари.

Државните служби и теренските екипи се на зголемена готовност за превентивни и противпожарни мерки во погодените области.

Инаку, активни се два пожара — гори кај Брњарци и кај Волково.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи