ЦУК предупредува на брзо ширење на пожарите
ЦУК: многу висок FWI во источните, централните и јужните подрачја – зголемен ризик од брзо ширење на шумски пожари.

Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури, се зголеми метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI.
Директорот на ЦУК, Мухамет Али, предупредува дека во попладневните часови источниот, централниот и јужниот дел од Република Северна Македонија ќе бидат со многу висок FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет.
Апел до граѓаните
Останатите делови од земјата се со висок FWI, додека повисоките планински предели се исклучок — таму индексот е низок и многу низок.
"Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа. Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина," посочува Али.
ЦУК информира дека ќе продолжи со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС и со навремено информирање и координација на надлежните институции.
Фото: ЦУК