Дел од дрон со експлозив пронајден меѓу лежалки на плажа во Романија
Остатоци со експлозив биле пронајдени меѓу лежалките на плажата во Олимп, додека други делови беа собрани минатата ноќ во Констанца.

Дел од дрон со експлозивно полнење бил пронајден утрово на плажата во романското црноморско одморалиште Олимп, на околу 38 километри јужно од Констанца.
Пронајден меѓу лежалки, пристапот ограничен
Остатокот бил најден меѓу лежалките на плажата, при што надлежните потврдиле дека делот содржи експлозивно полнење. Пристапот за туристите до зоната е ограничен додека трае увидот, а неколку лица поднеле пријава по наоѓањето на предметот.
Слични остатоци од дрон синоќа биле собрани и на бранобранот на крајбрежното шеталиште во Констанца, во близина на легендарното „Казино“ во градот. Екипите ги отстраниле деловите и отворија истрага за нивниот потекло.
Ова е шести ден по ред што остатоци од дронови ги држат под тревога населението и властите во Романија, што предизвикува загриженост меѓу локалните заедници и туристите.
Во последните денови романските власти неколкупати испраќале борбени авиони и хеликоптери за да ги следат пријавените активности на дронови во близина на границата со Украина. Истражителите продолжуваат со вештачења на собраните делови за да утврдат дали тие се поврзани со нападите пријавени во граничниот регион.
Фото: Принтскрин / Х / Aнтена 3