Дронови потопија руски воен брод во пристаниште во Бенгази
Владата на Либија со седиште во источниот дел на земјата соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека експлозијата била веројатно предизвикана од беспилотно летало.

Напад, за кој постои сомневање дека бил извршен со беспилотно летало, предизвика експлозија на руски брод закотвен во пристаништето во Бенгази, соопшти владата на Либија со седиште во источниот дел на земјата по спроведената прелиминарна истрага.
Никој не презеде одговорност за нападот, а досега немаше реакција од руските власти.
Десет лица, меѓу кои Руси и Либијци, се здобиле со полесни повреди во инцидентот.
Сателитски снимки и последици
Компанијата „Вантор“, која обезбедува сателитски снимки, изјави дека станува збор за „Меркур“, мал воен брод на руската морнарица. На снимките се гледа дека поголемиот дел од бродот се превртел и потонал, а над водата останал видлив само неговиот прамец.
Исто така, на сликите се гледа чад како се крева од бродот и остатоци расфрлани по кејот.
Владата со седиште во источниот дел на Либија ја означи оваа наод како прелиминарна и посочи дека експлозијата е сомнителна за напад извршен со беспилотно летало.
Фото: Планет лабс)


