Почетна
Македонија

Демонстранти пред МВР поставија импровизиран гроб и побараа закони

Толпа од Парк Жена борец до МВР скандираше барања за заштита од насилство и строги санкции за фемицид.

·Македонија
Демонстранти пред МВР поставија импровизиран гроб и побараа закони

Вечерва, неколку стотини граѓани маршираа низ Скопје на релација Парк Жена борец – МВР, скандирајќи пароли и поставувајќи симболичен гроб за жртвите на фемицид. Демонстрантите истурија земја и поставија импровизиран гроб на улица пред зградата на Министерството за внатрешни работи.

Побараа закони и строги санкции

Главната порака на маршот беше „Ниту една повеќе“ — барање за конкретни институционални мерки, донесување на закони за заштита од насилство и строго санкционирање на фемицидот.

За време на маршот, толпата скандираше: "Ни се гади од партиската некрофилија! Ни се гади од лажните сочувства! Џандари-убијци, не враќате кај мажите што не тепаат! Ниту една повеќе!", пароли изговорени од неколку стотини демонстранти.

Атмосферата се заостри пред Министерството за внатрешни работи, откако шпалир полицајци, без штитови, го блокираа пристапот и не дозволуваа толпата да се доближи до влезот на министерската зграда, што предизвика напнатост меѓу присутните.

Организаторите велат дека симболичниот гроб и барањата за итни законски промени имаат цел да ги притиснат институциите да преминат од формални изјави кон конкретни политики и казни кои ќе го спречат понатамошното убиство на жени.

Фото: К.Попов)

Поврзани написи