Почетна
Магазин

Денеска се слави Свети маченик Калистрат и неговите 49 другари

Православната црква го одбележува споменот на Калистрат — чудото што ги преобрати 49 војници и нивната жртва во 304 година.

·Магазин
Денеска се слави Свети маченик Калистрат и неговите 49 другари

Македонската православна црква – Охридска архиепископија заедно со своите верници денеска го одбележуваат споменот на Светиот маченик Калистрат и неговите 49 другари, кои се предадоа на христијанската вера по чудото што го видоа.

Според житието, Калистрат бил родум од Картагина и воспитан во христијански дух од своите родители и од својот дедо Неокор, кој во едно време служел како војник во Ерусалим и бил сведок на настаните поврзани со страдањето на Исус Христос.

Калистрат подоцна бил војник во Византија за време на царот Диоклецијан. Додека служел во полкот бил единствениот христијанин меѓу своите другари. Кога тие го виделе како ноќе тајно Му се моли на Бога, го пријавиле пред војводата Персентин, познат по својата суровост кон христијаните.

Откако Калистрат одбил да принесува жртви на идолите, бил брутално претепан и фрлен во морето. Според преданието, се случило чудо – Божјата сила го спасила и тој излегол жив и здрав на брегот, одијќи по водата.

Претворањето на 49-те и нивната судбина

Гледајќи го чудото и трпението на Калистрат, дури 49 војници од неговиот полк моментално поверувале во Исус Христос. Сите биле ставени во затвор заедно со Калистрат, кој ги научил на верата и ги охрабрил.

Свирепиот војвода, кога видел дека тие не се откажуваат од верата, наредил нивното погубување. Свети Калистрат и неговите 49 другари пострадале за вистината во 304 година, а на местото на нивната смрт подоцна била подигната црква. Денеска црквата истовремено одбележува и спомен на апостолите од Седумдесетте: Марко (Јован), Аристарх и Зинон.

Според традицијата, верниците на овој ден одат во црква за да се помолат за здравјето на најблиските и за спокој во семејството.

Тропар на Светиот маченик Калистрат:

"Оној Кој сака сите да се спасат и да дојдат до познание на вистината, тебе Калистрате, саду на верата беспрекорна, те постави пред сите како украс на благодатта, преку тебе небесата мноштво воини придоби, и Црквата со нови венци се закити, застапи се за нас сега о, Христов мачениче, да пристигнеме во небесните дворови."

Фото: Википедија

Поврзани написи