Денеска сончево и многу топло — температури до 39 степени
Утрински 13–21°C, дневни 33–39°C; југоисточен ветер, на места засилување долж Повардарието.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
За Скопје
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 38 степени.
Според најавите, следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.
Дневната температура на некои места се очекува да надмине 40 степени, па УХМР упатува на внимателност при долготрајно изложување на сонце и високите температури.
Фото: УХМР / принтскрин