Почетна
Македонија

Депонијата „Буково“ повторно опожарена, жителите на Крушје се гушат во чад

Противпожарните и комуналните екипи велат дека пожарот е локализиран; властите најавуваат затворање на Буково по отворање на регионален центар во Новаци до крајот на 2027 година.

·Македонија
Депонијата „Буково“ повторно опожарена, жителите на Крушје се гушат во чад

Повторно избувна пожар на депонијата „Буково“ во охридскиот регион, а густите чадни слоеви ги засегнаа жителите од околните села, особено Крушје, кои велат дека ги затвораат прозорците и не можат да дишат нормално.

Екипите работат на задушување на жариштата

На терен интервенираа противпожарни екипи и комунални служби кои копаат низ слоевите отпад и го покриваат местото со земја за да ги привремено задушат жариштата и да спречат понатамошно проширување на оганот.

Од ЈП Комуналец информираа дека во интервенцијата учествувале екипи на претпријатието, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и цистерна на јавното претпријатие. Жителите од Крушје велат дека секое повторно палење значи директна загрозеност по нивното здравје.

„На депонијата е направен пресек со цел да се спречи ширењето на пожарот кон останатиот дел од депонијата. Континуирано се носи и дополнителни количини на земја, која се користи за покривање и задушување на жариштата, согласно состојбата на терен и потребите од интервенцијата. На овој начин се преземаат дополнителни мерки за целосно задушување на пожарот и спречување на негово повторно активирање.Екипите остануваат на терен за следење на состојбата и навремено реагирање." информараат од охридски Комуналец.

Активистите од „Збогум Буково“, кои со години повикуваат на редовна превенција и затворање на депонијата, повторно истакнуваат дека причината за повторените пожари е несоодветното третирање на отпадот.

Драгана Карашова, активист на "Збогум Буково", побара итни мерки и побрзо спроведување на плановите за преиспитување на локацијата.

Како долгорочно решение се наведува изградбата на регионалниот центар за отпад во Новаци; властите соопштија дека проектот тече според предвидената динамика и дека до крајот на 2027 година ќе се затворат проблематичните депонии во Југозападниот регион, вклучително и Буково.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи