Дерби за уживање: ГРК Охрид — Пелистер
Охрид и Битола се среќаваат во 1. коло на Суперлигата; Ројевиќ ќе го мери сили со легендата Червар.

Уште на стартот од новата сезона 2026/27 во ракометната Суперлига следува дерби: ГРК Охрид и Пелистер се среќаваат вечерва во арената „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.
Дуел крај Охридското езеро
Двете екипи се меѓу четирите клубови што ја прават нашата лига најквалитетна во регионот. Алкалоид и Вардар веќе забележаа победи на стартот, па следува интересен тест за амбициите на Охрид и Битола.
На клупите ќе се сретнат Борис Ројевиќ, кој го продолжи договорот со „Гладијаторите“ и ја предводи екипата на Охрид, и легендарниот Лино Червар, кој вечерва ќе има деби на домашна сцена како стратег на Пелистер.
Во психолошка смисла, Пелистер можеби има мала предност откако Охрид пред неколку дена по голема драма беше поразен од Вардар во Суперкупот, но тоа е само претпоставка пред почетокот на мечот.
Салата „Билјанини Извори“ се очекува да биде полна — навивачите сакаат да го проследат дербито во живо и да го видат дуелот Ројевиќ–Червар. Нешто порано, од 18:30 и исто така покрај Охридското езеро, се игра натпреварот Струга–Тиквеш, кој исто така ветува интересен пресметка.
Па така, денеска ракометот ќе ја окупира спортска Македонија. Претходно беше објавено дека Брегалница му даде отказ на Никола Кузманов.
Фото: прес-материјал од настанот


