Почетна
Свет

Девет европски земји продолжуваат со олеснета примена на EES и по истекот на рокот

Франција, Грција, Португалија, Италија, Германија, Малта, Холандија, Швајцарија и Белгија сè уште прилагодуваат некои гранични точки.

·Свет
Девет европски земји продолжуваат со олеснета примена на EES и по истекот на рокот

Девет европски држави продолжуваат со поолеснена примена на биометриските проверки во рамките на системот EES и по истекот на преодниот рок за целосна примена на 6 септември.

За дополнително време да ги воведат сите проверки во аеродромите и на другите гранични премини побарале Франција, Грција, Португалија, Италија, Германија, Малта, Холандија, Швајцарија и Белгија. Иако EES веќе работи и патници од трети земји се регистрираат при влез и излез од Шенген‑зоната, на дел од премините сè уште не се земаат отпечатоци од прсти и фотографија од лицето од секој патник.

Каде се проблемите и кои аеродроми веќе ги спроведуваат проверките

Причините што се наведуваат се проблеми со инфраструктурата и стравот дека воведувањето на целосни биометриски контроли ќе предизвика долгите редици на најфреквентните аеродроми. Од околу 1.500 гранични точки, потешкотии има на околу 12 локации. Големите хабови како Франкфурт и Схипхол веќе ги земаат биометриските податоци, додека некои помали аеродроми сè уште го прилагодуваат системот.

Извори од Брисел укажуваат дека, технички, земјите што не ги спроведуваат сите проверки по 6 септември не ги исполнуваат правилата, но Европската унија засега не започнала формални постапки против нив.

EES се однесува на државјани од земји надвор од ЕУ кои патуваат на краток престој во Шенген‑зоната. Системот ги регистрира податоците од пасошот, фотографијата на лицето, отпечатоците од прсти и времето на влез и излез. Европската комисија го смета системот за целосно оперативен од 10 април 2026 година.

Со тоа, EES важи и за македонските државјани кои патуваат во Шенген‑зоната, но на некои гранични точки процесот на биометриска регистрација сè уште може да се разликува во зависност од земјата и преминот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи