Почетна
Политика

Дигиталната армија во сенка – Како увезените бот-фарми го кројат македонското јавно мислење про ВМРО и контра опозицијата?

·Политика
Дигиталната армија во сенка – Како увезените бот-фарми го кројат македонското јавно мислење про ВМРО и контра опозицијата?

Секое утро, додека граѓаните ги читаат првите вести на своите телефони, една невидлива армија веќе е на своето работно место. Нивната задача не е да дебатираат. Нивната цел е да навредуваат, да етикетираат, да креираат лажни афери и да го замолчат секој што ја зборува вистината за криминалот, корупцијата и политичката изолација во Македонија.

Она што на социјалните мрежи изгледа како „гласот на народот“, всушност е скапа, добро платена и координирана машина за манипулација.

Според најновите наводи и дигитални траги, Македонија стана полигон за таканаречената операција „Castle“ – систем на трол-фарми и бот-мрежи кој владејачката ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го имаат преземено од нивната сестринска партија во Србија, СНС.

Доказите за оваа операција излегуваат на површина штом само малку ќе се изгребе зад маската на профилите. Истражувањето на дигиталните траги на социјалната мрежа X открива фрапантни податоци за тоа кој навистина стои зад коментарите кои ја величаат власта и ја напаѓаат опозицијата.

Профили кои се претставуваат како студенти, пензионери, патриоти и обични граѓани од Охрид, Скопје, Прилеп и други градови – технички се лоцирани на сосема друг континент.

Анализата на податоците покажува мрежа креирана во идентичен период – август и септември 2026 година. Само неколку како пример:

  • Профилот „Alex Novak“, кој тврди дека е од Охрид, е регистриран преку North Africa App Store.
  • Профилите „Ivana“ и „kristina“, кои користат слики од жени во македонски народни носии за да разбудат лажен патриотизам, се системски лоцирани во Египет.
  • Дури и профили кои се претставуваат како медиуми, како „Македонија 24“ (со македонско знаме на профилната слика), своите дигитални корени ги има во Северна Африка.

Ова е школски пример за организирана фарма на тролови, каде масовно се закупуваат IP адреси, се користат генерички фотографии и се пишуваат нарачани статуси на беспрекорен македонски јазик за да се создаде лажна слика во јавноста.

Ваквите мрежи ретко се управуваат рачно. За тоа постои напреден софтвер (како израелскиот систем AIMS), со кој само еден оператор може да контролира стотици лажни налози истовремено. Со едно притискање на копче, десетици профили можат да споделат иста лажна вест, да нападнат новинар или да ги затрујат коментарите под објава на опозициската СДСМ.

Оваа машинерија, која според опозицијата се финансира со граѓански пари, има јасна мета: СДСМ и секој што ќе проговори против шемите, корупцијата и политиките на изолација кои ги спроведува власта. Илјада пати повторената лага од овие ботови, преку алгоритмите, стигнува до вистинските граѓани со цел да се прикаже како вистина.

Додека во Унгарија новиот политички бран предводен од Петер Маѓар веќе ги блокира сметките на Орбановата пропагандна империја, во Македонија ваквиот модел се користи во полн ек. Според обвинувањата на СДСМ, системот е надополнет со мрачни методи – од ангажирање на приватната разузнавачка агенција „Black Cube“ за следење и креирање афери, па сè до употреба на контроверзниот израелски шпионски софтвер Pegasus за прислушување граѓани, метод веќе виден кај режимот во Србија против тамошните студенти.

Јавниот простор е контаминиран. Власта создава вештачка реалност во која нивните политики се слават, а опозицијата и критичарите се линчуваат од армија базирана на сервери во Северна Африка.

Запомнете – секоја реакција – дури и исмејувањето или расправањето со овие профили – алгоритмот ја чита како легитимна интеракција и им помага на лагите да допрат до повеќе луѓе.

Најсилното оружје на граѓаните против овие ботови и лажни профили е игнорирањето. Не коментирајте. Не споделувајте. Пријавете ги и блокирајте ги. Вистината, како што покажуваат дигиталните траги, секогаш излегува на виделина.

Профилот „Alex Novak“ се претставува како жител на Охрид.
Профилот „Alex Novak“ се претставува како жител на Охрид.
Податоци за „Alex Novak“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, поврзан преку North Africa App Store.
Податоци за „Alex Novak“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, поврзан преку North Africa App Store.
Профилот „marijanikola“ со македонска народна носија и знаме.
Профилот „marijanikola“ со македонска народна носија и знаме.
Податоци за „marijanikola“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, поврзан преку North Africa Android App.
Податоци за „marijanikola“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, поврзан преку North Africa Android App.
Податоци за „Ivana“: креиран во август 2026, базиран во Египет, поврзан преку Egypt Android App.
Податоци за „Ivana“: креиран во август 2026, базиран во Египет, поврзан преку Egypt Android App.
Податоци за „kristina“: креиран во август 2026, базиран во Египет, поврзан преку Egypt Android App.
Податоци за „kristina“: креиран во август 2026, базиран во Египет, поврзан преку Egypt Android App.
Податоци за „Македонија 24“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, едно менување на корисничкото име во септември 2026.
Податоци за „Македонија 24“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, едно менување на корисничкото име во септември 2026.
Профилот „Македонија 24“ се претставува како медиум од Скопје.
Профилот „Македонија 24“ се претставува како медиум од Скопје.
Профилот „Damjan stojanov“ се претставува како студент од Охрид.
Профилот „Damjan stojanov“ се претставува како студент од Охрид.
Податоци за „Damjan stojanov“: креиран во септември 2026, базиран во Северна Африка, едно менување на корисничкото име.
Податоци за „Damjan stojanov“: креиран во септември 2026, базиран во Северна Африка, едно менување на корисничкото име.
Податоци за „Sara Stojanovska“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, поврзан преку North Africa App Store.
Податоци за „Sara Stojanovska“: креиран во август 2026, базиран во Северна Африка, поврзан преку North Africa App Store.
Профилот „Sara Stojanovska“ се претставува како жителка на Прилеп.
Профилот „Sara Stojanovska“ се претставува како жителка на Прилеп.

Контекст: Наводите за ангажирање на „Black Cube“ (21 април 2026) и за софтверот Pegasus (30 април 2026) ги изнесе СДСМ. МВР претходно ги отфрли тврдењата на СДСМ за набавка на шпионски софтвер како „невистинити и неосновани“, наведувајќи дека станува збор за редовно обновување лиценци за форензички софтвер што не овозможува прислушување. Скриншотите погоре ги прикажуваат податоците што мрежата X ги објавува за локацијата и регистрацијата на профилите; тие сами по себе не покажуваат кој ги управува профилите.

Извори: СДСМ (ботови, март 2026); 48 часа (Black Cube); Точка/Макфакс (Pegasus); Слободен печат (МВР); BIRN („Castle“, 2020); Daily News Hungary (Унгарија); BIRN (Pegasus во Србија).

Фото: скриншоти од социјалната мрежа X

Поврзани написи