Дипломатија на македонски начин: Пасху предложен за амбасадор во Атина
Владата ги номинираше пет нови амбасадори — меѓу нив и поранешен директор на „Градски паркинг“ за Атина; дел од кандидатите веќе чекаат одбрана на тезите.

Владата на последната седница даде зелено светло за пет предлог-амбасадори, кои ги сочинуваат мешавина од кариера дипломати и кадровски решенија од јавниот и приватниот сектор.
За македонски амбасадор во Атина е избран Филип Пасху. Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“, каде што претходно работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор; има магистер по економија.
Во Будимпешта како амбасадорка е предвидена Татјана Лопарски, порано новинарка, а сега сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР-агенции – Елемент ПР, за која важи дека е експерт за односи со јавност.
Адвокатот Јасмин Калач е номиниран за Сараево. Калач не е познат како застапник во бројни гласни случаи, но во предметот „Пулс“ постапува како бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами.
Други кандидати и досегашни избори
На истата владина седница поминале и Дритон Куќи за Осло, Норвешка — каде веќе е амбасадор и тоа би му бил втор мандат — и Елма Алторок за Каиро, Египет; Алторок во моментов е вршител на работите во Каиро и ќе треба да се врати во Скопје за да ги одбрани тезите.
Претходно Владата избра уште четворица амбасадори кои чекаат одбрана на тезите во Собранието: Крум Ефремов, дипломат од кариера, ќе оди во Бугарија (ако некој го праша — тој беше амбасадор во Украина); Габриел Атанасов, професионалец од МНР, ќе биде во Романија; Мухарем Јусуфи ќе оди во Стокхолм; додека во Приштина ќе нè претставува Катерина Тодороска.
Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во моментов без амбасадор или генерален конзул се вкупно 24 дипломатско-конзуларни претставништва. "За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди, по завршувањето на законската постапка. Станува збор за дипломатско-конзуларните претставништва во Атина, Будимпешта, Букурешт, Каиро, Канбера, Лондон, Приштина, Сараево, Софија, Стокхолм и Хаг", велат од МНР.
Во МНР додаваат дека до крајот на август се очекува да заминат амбасадорите Илина Мангова за Лондон, Линда Салиеска Иљазовска за Хаг и Стојанчe Китaнoски за Канбера.
Фото: Архива