Почетна
Политика

Директорот на Агенцијата за заедници Далибор Китановиќ го избриша постот за Ратко Младиќ и му се извини на премиерот

Го избриша постот со фотографијата на Младиќ и изрази извинување до премиерот Мицкоски, тврдејќи дека е жртва на политичка хајка.

·Политика
Директорот на Агенцијата за заедници Далибор Китановиќ го избриша постот за Ратко Младиќ и му се извини на премиерот

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, го избриша постот на социјалните мрежи во кој беше објавена фотографија на Ратко Младиќ заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“. Тој се извини пред премиерот Мицкоски и пред министрите што, според него, биле вовлечени во политичка пресметка.

Китановиќ вели дека е подготвен да сноси одговорност, но отфрла манипулации

Откако три дена молчеше, Китановиќ објави дека ја избришал спорната објава и напиша: „Јас сум подготвен да ја понесам одговорноста за секој свој збор. Но нема да ја понесам одговорноста за туѓите манипулации со моите зборови. Нема да прифатам моето повлекување на објавата да биде претворено во признание за нешто што не сум го направил. Нема да дозволам мојата човечка пристојност да биде протолкувана како слабост.И нема да дозволам преку мене да се навредуваат ниту мојот народ, ниту мојата партија“, напиша Далибор Китановиќ директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Во продолжение тој ги бранеше причините за објавата и додаде: „ Нема да се откажам ниту од вистината на сопственото семејство. Дел од моето најблиско семејство во Босна и Херцеговина преживеало воени околности благодарение на регуларните воени единици предводени од генералот Ратко Младиќ“, пишува Далибор Китановиќ директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Реакциите во политиката и во јавноста беа остри: опонентите обвинија дека Китановиќ и ДПС, која му даде поддршка, ја величаат осудената воена личност, додека дел од јавноста и дел од политичките актери побараа одговор од владата за, како што оценија, скандалозната објава. Китановиќ, пак, тврди дека се работи за хајка и политички линч против него.

Објавата следуваше по смртта на Ратко Младиќ во Хаг, каде тој издржуваше доживотна казна за геноцид и воени злосторства. Во меѓувреме се појавија сознанија дека поради величењето на осудениот воен злосторник Китановиќ може да ја изгуби директорската функција во владата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи