Почетна
Македонија

Дивокоза повторно забележана на Пелистер по долга пауза

Интензивираниот мониторинг и фотозамките открија дивокоза, волкови со плен, групи дива свиња и дива мачка низ Пелистер.

·Македонија
Дивокоза повторно забележана на Пелистер по долга пауза

Дивокоза (Rupicapra rupicapra) повторно е забележана во Националниот парк Пелистер по подолг период, по интензивирани активности на ренџерската служба кои доведоа до почеста појава на дивеч во зоните на активно управување и во зоната на строга заштита.

Фотозамките ја прикажуваат динамиката на природата

На фотографиите од фотозамките лесно можи да се забележи каде дивечот се движи, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како во секојдневието функционира како дел од синџирот на исхрана, стоји во објавата на Националниот парк Пелистер објавена на Фејсбук.

На првата фотографија може да се забележи волк (Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен — срндач (Capreolus capreolus).

На втората фотографија, направена по интензивиран мониторинг, по долго време е забележана дивокоза (Rupicapra rupicapra).

Третата фотографија ја прикажува движењето на дива свиња (Sus scrofa) во група, што е карактеристично за овој вид на Пелистер.

На останатите снимки се гледа и дивата мачка (Felis silvestris), животно кое посетителите често го мешаат со балканскиот рис; паркот нагласува дека дивата мачка има свои карактеристики и значително се разликува од балканскиот рис.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи